Британската влада и УЕФА постигнаа договор за условите под кои странските ВИП лица што ќе бидат дел од финалето на Европското првенство ќе останат во Лондон без да мора да бидат во карантин од 10 дена.
Новинарот на „Тајмс“, Мартин Зиглер, открива дека 2.500 лица ќе може слободно да присуствуваат на тренинг сесии, прес-конференции, промотивни настани и финалето на 11 јули, но, надвор од тие локации ќе мора да останат изолирани во хотелската соба.
Англија моментално бара карантин за секој странец што влегува на нејзина територија. Сепак, УЕФА се закани дека доколку не се направи исклучок за ВИП гостите за финалето, натпреварот може да се пресели во Будимпешта.

