Откако Англија достигна бројка од 20-ет милиони вакцинирани против Ковид-19 и најави дека набрзо ќе се укинат рестриктивните мерки, Премиерот, Борис Џонсон, еуфорично изјави дека неговата земја може да го организира Континенталниот фудбалски собир.
„Ние секако сме домаќини на полуфиналето и финалето. Ако сакаат може да го организираме цело првенство, ние сме за“ – порача премиот Џонсон.
Познато е дека УЕФА се определи ЕП да биде во 12 градови, но, доколку не се поправи ситуацијата со пандемијата на Стариот континент, лесно може да се случи да биде прифатен предлогот на Англија.
