Астон Вила планира да ги откупи правата на 25-годишниот играч за врска на Борусија Дортмунд, Донел Мален.
Понудата е 18 милиони евра со дополнителни бонуси. Холанѓанецот во тековната сезона од германскиот шампионат одигра 13 натпревари на кои постигна три гола.
25-годишниот фудбалер има и пет натпревари, два гола и една асистенција во Лигата на шампионите. Според одредени проценки, неговата трансферна вредност е околу 28 милиони евра.

