Манчестер Јунајтед остана без четворица клучни играчи за утрешниот реванш со шпанскиот Реал Сосиедад во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Англичаните со едната нога се во наредната рунда бидејќи на првиот натпревар славеа како гости со убедливи 4:0.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солсјаер, потврди дека Пол Погба, Скот Мектоминеј, Дони ван де Бак и Единсон Кавани, се уште не се опоравиле од повредите и нема да играат на мечот на „Олд Трафорд“.
„Сите ќе бидат отсутни. Никој од нив сè уште не тренира. Веројатно ќе играме со екипата што ја имавме на мечот со Њукасл во текот на изминатиот викенд“ – нагласи норвешкиот тренер.

