Фудбалерот на Челзи, Матеo Ковачиќ, ведна по Мундијалот во Катар ќе добие понуда да ја продолжи соработката со „сините“.
Неговиот договор истекува за нешто повеќе од 18 месеци а линдончани планираат да го задржат за подолг период. На „Стемфорд Бриџ“ го гледаат Ковачиќ како играч кој е клучен за иднината на клубот.
Тој беше купен од Реал Мадрид во 2018 година за 45 милиони евра. За Челзи има одиграно 197 мечеви со ефект од 5 голови и 14 асистенции.