Новиот член на Премиер лигата, Вулверхемптон, има намера да направи силен состав за наредната сезона. На неговата листа за засилувања се наоѓа фудбалерот на Милан, Андреа Силва.
22-годишниот фудбалер кој во претходното лето за 38 милиони евра дојде од Порто на стадионот „San Siro“, не успеа да ги оправда очекувања.Тој забележа 10 гола и 2 асистенции во 39 одиграни натпревари во сите конкуренции. Само 2 гола му се во Серија “А”. Силва не успеа да се наметне за првата постава бидејќи тренерот Џенаро Гатузо, има поголема доверба во Никола Калиниќ и Патрик Кутрон.
Токму тоа им дава надеж на „волците“ дека ќе успеат да го убедат младиот фудбалер да ја прифати понуда и да се пресели во Премиерлигата. Неговиот агент за трансфери, Жорже Мендеш, е во добри односи со англискиот тим и може да влијае врз неговиот клиен да ја промени средината.