Пет водечки англиски клубови се заинтересирани за најдобриот асистент во Бундеслигата оваа сезона, Џејдон Санчо, информираше весникот „Билд”.
Англискиот репрезентативец досега има одлична сезона со екипата на Борусија Дортмунд, бидејќи тој е далеку пред сите останати соиред бројот на асистенции (шест) во Бундеслигата.
Според изданието, 18-годишниот фудбалер го привлекол вниманието на Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.
Задачата за британските клубови е дополнително комплицирана поради фактот што пред само неколку дена Џејдон Санчо го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до летото 2022 година и во договорот нема клаузула за откуп.