Крилниот напаѓач на Јувентус, Анхел Ди Марија може да му стане соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами, пишува „Калчомеркато“. Договорот на 35-годишниот Аргентинец истекува за неколку дена и тој ќе стане слободен играч откако од Јувентус не му понудија продолжување на договорот. Така, тој може безбедно да преговара со секој клуб кој е заинтересиран за неговите услуги.
Ди Марија беше доведен во Јувентус со големи очекувања, но имаше прилично несигурна сезона, проследена со повреди. За „старата дама“ одигра 40 натпревари на кои постигна 8 гола и 7 асистенции.
Сега за него има интерес од Интер Мајами и сериозно размислува за оваа можност, особено поради фактот што таму повторно ќе игра со неговиот добар пријател Меси. Сепак, Аргентинецот се уште нема донесено конечна одлука, бидејќи има понуди од неколку европски клубови.