Ѕвездата на Аргентина – Анхел Ди Марија, најави дека финалето на Копа Америка ќе биде негов последен натпревар со националниот дрес.
Синоќа Анхел Ди марија заедно со својата селекција стигнаа до пресметката за трофејот откако во полуфиналето ја совладаа Канада со 2:0. Ова е второ последователно финале за Аргентина на Копа Америка.
„Не сум подготвен за мојот последен натпревар за Аргентина, но време е… Што и да се случи во финалето, мислам дека можам да кажам збогум. Дадов се“, сподели Ди Марија.
Аргентина во финалето ќе се соочи со победникот од полуфиналето меѓу Колумбија и Уругвај.