Аргентинската легенда Анхел Ди Марија се врати во својот матичен клуб Розарио Централ. 37-годишниот офанзивен играч од средниот ред пристигнува во тимот како слободен агент откако му истече договорот со Бенфика.
Ди Марија ја започна својата кариера во овој клуб во 2006 година.
Во летото 2007 година, тој беше продаден на Бенфика, а потоа следеа престои во Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Во последните две сезони, Ди Марија повторно беше дел од лисабонските „орли“.
Анхел Ди Марија има 145 натпревари за аргентинската репрезентација, во кои постигна 31 гол. Тој беше дел од тимот што го освои Светското првенство во Катар.

