Карлос Родригез, поранешниот тренер на Џастин Хенин и на тенисерката од Кина, На Ли, сега ќе се грижи за формата на големата надеж на САД, Аманда Анисимова, објавија во текот на денов специјализираните портали кои го следат светскиот тенис.
Ќе потсетиме дека годинава на 18 август почина таткото на тинејџерката кој воедно ја имаше и улогата на нејзин личен тренер.
18-годишната Анисимова, која во јуни стигна до полу-финалето на Ролан Гарос, сега котира на 29 место на светската ранг-листа.