Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели побара од УЕФА итно да го воведе системот за видео-контрола VAR на натпреварите од Лигата на шампионите, откако неговиот тим беше елиминиран синоќа од Реал Мадрид со сомнителен пенал.
„Дополнителниот помошник судија зад головите не ја врши истата работа како главниот судија на видео-контролата. Не зборуваме за еден или два спорни моменти, туку за ситуација што е одлучувачка за директна елиминација на најголемиот турнир кој носи многу пари и престиж. Не смееме да дозволиме вакви пропусти“, изјавил Ањели.