Првиот човек на фудбалскиот состав Јувентус, Андреа Ањели, посочи дека клубовите мора да имаат план како ќе ја надминат кризата поради пандемијата на корона-вирусот.
„Челниците на клубовите се одговорни за опстанокот. Тие сега се соочуваат со вистинска егзистенцијална криза. Фудбалот сега стои како и нашиот проток на финансии со кои плаќаме играчи, персонал и други оперативни трошоци“ – потенцираше претседателот на „старата дама“.
„Времето е значајно. Сега треба да го прифатиме најголемиот предизвик во историјата и да разговараме за многу нешта “ – изјави Ањели.