Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели истакна дека клубот му понудил нов договор на аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала.
„Одлично е да се слушне дека тој го сака Јувентус и се чувствува пријатно во клубот. Оваа љубов е взаемна. Во него го гледаме идниот капитен на тимот. Знам дека Пауло доби понуда што ќе го стави на списокот на најплатени играчи во Европа. Со нетрпение очекуваме да слушнеме од него. Најважно е да се види неговиот одговор на теренот“, изјави Ањели за „Тутоспорт“.
Претходно во медиумите беше објавено дека Дибала сака да го смени клубот. Сепак, самиот Аргентинец ја демантираше оваа информација. Ден претходно, Дибала го постигна првиот гол оваа сезона, откако се истакна во мечот од 11. коло на италијанската Серија А против Џенова (3:1).

