Поранешниот претседател на фудбалскиот состав Јувентус, Андреа Ањели би можел да се врати во клубот на чело на група инвеститори кои ќе ја преземат контролата од Ексор, пишува – „Corriere dello Sport“.
Тој со целиот одбор на директори поднесоа оставка во ноември 2022 година по истрагата за финансиски малверзации.
Ањели доби двегодишна суспензија додека Јувентус доби казна од 10 бодови за сезоната 2022-2023 и беше исклучен од европските натпреварувања.
