Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, предложи одигрување на натпревари од италијанското првенство со присуство на гледачи. Предлогот на шефот на клубот од Торино е првично за се пополнат стадионите, но не повеќе од 10 проценти од вкупниот број на места. Постепено, оваа бројка се планира да се крене до 25 проценти, но со почитување на правилата за социјална дистанца.
Италијанците најавија дека на 13 јуни се планира продолжување на натпреварите од Купот на Италија, а од 20 јуни веќе и натпреварите во Серија А.
