Легендата на светскиот фудбал, Тиери Анри му порача на Арсенал една работа што мора да ја направат ако сакаат да ги зголемат шансите за да го победат Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Двата клуба за првпат по 18 години ќе се сретнат во четвртфиналето на овогодинешното натпреварување по драматичната победа на Реал над Атлетико Мадрид во средата навечер.
Ако некој знае што е потребно за Арсенал да го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите, тоа е Анри, кој го постигна единствениот гол во осминафиналето кога двете страни се судрија во 2006 година. Тимот на Арсен Венгер беше огромен аутсајдер, но неверојатниот соло продор на Французинот на Бернабеу се покажа како решавачки.
„Сум бил во таква ситуација со тим со малку помалку квалитет. Ако верувате дека не можете да го победите Реал Мадрид, тогаш тие се веќе подобри од вас пред да почнете. Ако пристигнете во Мадрид размислувајќи да видиме што ќе се случи, можеби и не треба да одите. Во меч се влегува верувајќи дека можете да победите. За да го победите Реал Мадрид ви треба совршена игра од првата минута. Дури и ако сте совршени, можеби нема да биде доволно. Сега е на тимот да покаже дали може да го направи тоа дома, а потоа на гости, тоа е тешка задача“, вели Анри.

