Поранешниот напаѓач на Арсенал и на француската репрезентација, Тјери Анри, одбил да го преземе францускиот прволигаш Бордо. Претходно, Анри беше назначен за главен кандидат за испразнетото тренерско место во редовите на Бордо.
Францускиот тим остана без тренер по заминувањето на Густаво Појет. Можното назначување на Анри беше потврдено и од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.
Сепак, според последните информации во француските медиуми, некогашниот голгетер и раководството на Бордо не можеле да се договорат за личните услови на договорот. Исто така, двете страни не се согласиле и за политиката на трансфери на клубот, затоа што раководството не сакало да му даде гаранции на Анри за ангажман на посакуваните фудбалери.