Анри е на релација со Ек

0

Легендата на фудбалскиот состав Арсенал, Тиери Анри изјави дека понудата за купување на клубот од страна на шведскиот милијардер, Даниел Ек, е сосема реална.

Бизнисменот кој долги години навива за „топчиите“ се огласи преку социјалните мрежи откако ги виде протестите на навивачите против сегашната управа. Анри откри дека Ек во последните денови имал состанок и со лондончани.

„Ек контактираше со семејството Кронке. Тој ми рече дека собрал средства за да има добра понуда.  Сите се обидуваме да понудиме решение што ќе биде поддржано од навивачите на клубот“ – изјави Французинот

 

Share.

Leave A Reply