Поранешниот фудбалер на Монако, Јувентус, Барселона и Арсенал, Тјери Анри, се осврна на трансферот на Лео Меси во францускиот гигант, ПСЖ. Поранешниот напаѓач на „триколорите“ не е убеден дека „светците“ со така наречениот дрим-тим, ќе ја освојат Лигата на шампионите.
„ПСЖ не ги реши проблемите со ангажманот на Меси. Играв со него, луѓето забораваат дека тогаш не примавме многу голови. ПСЖ и натаму го има тој проблем во одбраната“ – вели Анри.
„Тие мора да го поправат тој сегмент. Донесоа неколку засилувања и мора да направат баланс со играта во одбраната“ – нагласи поранешниот голгетер.