Легендарниот напаѓач на лондонскиот Арсенал, Тиери Анри го сподели своето мислење за работата на Фреди Љунгберг како главен тренер на „Топџиите“.
„Тешко е да се промени нешто брзо. Љунгберг имаше само еден или два тренинга пред натпреварот против Норвич. За таков период, речиси е невозможно да се смени нешто. Во овој натпревар, го видов тоа што го видов претходно. Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола, а ние избегнавме пораз. Јас дури и не знам каде би бил Арсенал без неговите голови. Ќе биде интересно да се види што ќе покаже Арсенал на натпреварот против Брајтон и со кој играчи ќе настапи Фреди. Кога се играа со Норвич, тешко е да се суди за реалната состојба во тимот “, изјави Анри.