Младиот талент на Барселона, Ансу Фати, сега може да игра за репрезентациите на Шпанија, јавуваат локалните медиуми.
Според нив, денес Шпанската фудбалска федерација официјално доби дозвола од ФИФА да може овој играч да игра за оваа земја.
Како што е познато, 16-годишниот напаѓач доби шпанско државјанство на 20 септември, но досега тој не беше во можност да биде повикан од националните селекции поради мали административни пречки, сепак, тие веќе се надминати. Сепак, фудбалерот роден Гвинеја-Бисао не се појави на списокот на Шпанија кој беше објавен вчера за Светското првенство до 17 години. Како причина, беше објавено дека овој фудбалер ќе биде користен во повозрасните категории.
Се проценува дека Ансу Фати ќе биде меѓу повиканите во шпанската репрезентација до 21 година за натпревари во ноември, а дали ќе биде вклучен во првиот состав на Барселона останува да видиме.