Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ансу Фати и понатаму неизвесен за настап на мечот со Баерн Минхен
    Фудбал

    Ансу Фати и понатаму неизвесен за настап на мечот со Баерн Минхен

    risteBy riste03/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати и понатаму е под знак прашање за настап на клучниот дуел со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите следната недела. 19-годишниот фудбалер е надвор од терените од 6 ноември, кога на натпреварот против Селта заработи повреда на бутот.

    Надежите беа дека ќе може да се опорави до мечот со германскиот шампион, но во оваа фаза се чини се помалку веројатно такво нешто, пренесува „Марка“.

    Фати се уште не ги продолжил тренинзите, а до мечот во Минхен останува неполна недела. Натпреварот е исклучително важен за Каталонците, а само победа ќе им гарантира 100% пласман во 1/8-финалето од Лигата на шампионите. Затоа на Чави Ернандез му требаат сите кои можат да помогнат во оваа тешка ситуација, а Фати е фудбалер кој може да биде многу корисен.

    Во оваа фаза, сепак, шансите да ги одигра сите 90 минути се прилично мали. Младиот сигурно ќе го пропушти претстојниот домашен натпревар со Бетис во текот на викендот, но надежите се дека навреме ќе се опорави и ќе успее да влезе во составот за гостувањето во Минхен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.