Прес-службата на Барселона објави дека 17-годишниот напаѓач Ансу Фати сега ќе игра во целост за првиот тим.
Висината на обештетувањето за младиот напаѓач се зголеми од 170 милиони на 400 милиони евра. Фудбалерот исто така го смени бројот на дресот со кој ќе игра, а сега ќе го носи бројот 22. Претходно, тој број го носеше играчот за врска Артуро Видал, кој се приклучи на Интер во текот на вчерашниот ден.

Фати потекнува од школата на Барселона. Минатата сезона тој учествуваше на 24 натпревари од шпанскиот шампионат (11 – во првиот тим), на кои постигна седум погодоци, даде една асистенција, а исто така доби два жолти и еден црвен картон. Договорот на играчот со клубот важи до летото 2022 година.
Претседателот на клубот Бартомеу постојано изјавуваше дека Барселона нема да го продаде Фати без оглед на понудената сума од потенцијалните купувачи.

