Англискиот шампион Ливерпул, синоќа доживеа нов пораз со гол во судиското продолжение на натпреварите. На гостувањето кај Вулверхемптон, последнопласираниот тим на табелата, „црвените“ беа поразени со 2:1 со гол кој домашните го постигнаа во последните моменти од натпреварот. Тоа беше петтиот пораз на Ливерпул во лигата оваа сезона, откако примија гол во судиското продолжение.
Тие веќе испишаа анти-рекорд како тим коj има најмногу порази на таков начин од кој било тим во една сезона во целата историја на Премиер лигата. Листата на фатални моменти е долга; пораз од Кристал Палас во 97-та минута, од Челзи во 95-та, Борнмут во 95-та, Манчестер Сити во 93-та и последниот, од Вулверхемптон, во 94-та минута.

