Вчерашниот дебакл на Ливерпул на домашен терен од Нотингем Форест и поразот од 0:3 ќе биде запаметен и по најскапото засилување на „црвените“, Александар Исак. Напаѓачот забележа необично „достигнување“ станувајќи првиот играч во историјата на Ливерпул кој ги загубил сите четири први натпревари во кои почнал како стартер.
Швеѓанецот сè уште е во потрага по својот прв гол за „црвените“ во Премиер лигата, откако постигна само еден гол во победата од 2-1 над Саутемптон во Карабао купот.

