Перо Антиќ, поранешниот капитен на нашата кошаркарска репрезентација беше поставен за претседател на Олимпискиот совет.
Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет му додели исклучително одговорна функција на Антиќ кој неодамна беше избран и за член на Собранието на МОК.
Антиќ ќе има задача да работи на развој и омасовувањето на олимпиското движење и популаризација на спортот во нашава земја.