Француската фудбалска ѕвезда во редовите на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ја освои наградата за најдобар фудбалер за минатата сезона во Лигата на Европа.
Гризман одигра голема улога во триумфот неговата екипа во второто по квалитет натпреварување на УЕФА. Антоан Гризман беше подобар во изборот за најдобар играч во конкуренција на неговиот клубски колега Диего Годин и Дмитри Паје од Олимпик Марсеј.
Гризман не присуствуваше на денешната церемонија во Монако и испрати видео порака од Мадрид, во која се заблагодари за признанието и им оддаде почит на неговите соиграчи, тренери и навивачи.