Поранешниот селектор на Италија, Антонио Конте кој сега го води тимот на Интер го запиша првиот рекорд како тренер на оваа екипа.
Синоќешната победа во Милано со 1:0 против Лацио благодарение на погодокот на Данило Д’Амброзио му го донесе првиот рекорд на Конте.
Тоа беше петта последователна победа за Интер, кои се лидери на табелата со максимален учинок по одигрувањето на првите пет кола.
Пред успехот против Лацио, Интер ги совлада Лече, Удинезе, Каљари и Милан. Пред Конте, ниту еден друг тренер на Интер не ги добил своите први пет натпревари во Серија А, а Интер и Конте ќе може да ја продолжат својата победничка серија веќе в сабота, кога го играат натпреварот против Сампдорија.