Раководството на англискиот Тотенхем преговара за договор со поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте.
Од Тотемнхем се подготвени да му понудат на италијанскиот тренер договор со плата од 15,5 милиони фунти (18,3 милиони евра) годишно, информира „Дејли Мејл“. Претходно беше објавено дека Конте веќе отпатувал за Лондон за да потпише договор со Тотенхем. Договорот на Италијанецот со англискиот клуб би траел до 2023 година.
Конте е подготвен да го води Тотенхем, тој е заинтересиран за проектот, а двете страни треба само да средат некои детали. Антонио Конте во тимот ќе го замени Нуно Еспирито Санто, откако Тотенхем денес го објави разрешувањето на истиот од функцијата главен тренер.