Напаѓачот на Вест Хем, Микаел Антонио, е прогласен за најдобар фудбалер во месец август во Премиер лигата. 31-годишниот напаѓач постигна четири голови во првите три натпревари на „чеканите“ и стана најдобар стрелец на тимот во елитната конкуренција на Англија.
Вест Хем засега го зазема второто место во табелата. Антонио во изборот беше пред Маркос Алонсо од Челзи, Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед, Демараја Греј од Евертин и Ерик Даер од Тотенхем.
Антонио утре од 16.00 часот на теренот на Саутемптон во рамките на 4-то коло во Премиер лигата ќе има шанса да ја продолжи голгетерската серија.