Екипата на Ал Хилал ја зголеми понудата на 140 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, објавија медиумите во Италија.
Тоа е втора понуда за само неколку часови за искусниот голегетер. На фудбалерот му ветена плата од околу 1 милион евра неделно или 52 милиони годишно.
Ал Хилал неодамна понуди 300 милиони за Килијан Мбапе но, Французинот не сакаше да влезе во преговори.