Фудбалерот на Барселона Роман Араухо проговори за својата иднина во каталонскиот клуб. Според дефанзивецот, тој се чувствува среќен играјќи за екипата на Барселона.
„Мојата иднина зависи од клубот. Сите знаат дека сум многу среќен во Барса и многу благодарен на Чави“, изјави фудбалерот во интервју за познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Араухо е во системот на Барселона од 2018 година. Дефанзивецот оваа сезона одигра 30 натпревари за Барса во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол.
Договорот на играчот со каталонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт е 70 милиони евра.

