Дефанзивецот на Барселона и на репрезентацијата на Уругвај Роналд Араухо е успешно опериран во една од финските клиники, соопшти клупската прес-служба.
Араухо се повреди додека играше за Уругвај на пријателскиот натпревар против Иран. Дефанзивецот веќе во петтата минута од натпреварот ја повреди ногата, по што го напушти теренот. Точниот тајминг на опоравување не е соопштен, но се очекува играчот да го пропушти Светското првенство во Катар, кое ќе започне на 20 ноември.
Да потсетиме, покрај Роналд Араухо, уште неколку играчи на Барселона добија повреди во националните тимови: Френки де Јонг, Мемфис Депај, Жил Кунде и Осман Дембеле.