Нашата фудбалска репрезентација ќе има максимална поддршка од трибините на националната Арена „Тодор Проески“ на утрешниот натпревар со Англија.
Од страна на ФФМ денес потврдија дека влезниците се оддамна продадени и очекуваат полни трибина, па затоа ги информираат навивачите кои ќе дојдат на стадионот, тоа да го направат најмалку 1 час пред почетокот на натпреварот затоа што 30 минути пред почетокот на мечот , вратите ќе бидат затворени.
Се надеваме дека организациски ќе се покажеме како добри домаќини на репрезентацијата на Англија, а резултатски ќе успееме да и парираме на една од најдобрите селекции во Европа.
Натпреварот започнува во 20.45 часот и најдобро би било за љубителите на фудбалот да бидат на трибините до 20 часот за да се избегат турканици и непријатни моменти на влезот на стадионот.

