Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Аргентина е новиот светски фудбалски владетел
    Фудбал

    Аргентина е новиот светски фудбалски владетел

    risteBy riste18/12/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Аргентина по третпат стана светски шампион откако во спектакуларното финале на СП во Катар ја совлада Франција по подоброто изведување пенали, а Лионел Меси влезе во историјата на аргентински фудбал.

    Во регуларниот дел немаше победник (2:2) исто така беше и по продолжението (3:3) по 120 минути игра, а Аргентина славеше со 4:2 во пенал-серијата, во која Коман и Чуамени не беа успешни во своите обиди, пред бекот Монтиел да ја донесе титулата за Аргентина.

    Аргентинците влегоа во мечот подобро и поофанзивно и тоа им се исплатеше во 23. минута, кога Лео Меси реализираше пенал по прекршокот на Дембеле над Ди Марија. Само 13 минути подоцна, Анхел ди Марија ја зголеми предноста на Аргентина по брзата контра што ја почна Меси, а ја продолжи Мекалистер.

    Францускиот селектор Дешамп реагираше невообичаено и промени двајца офанзивни играчи (Дембеле и Жиру) уште пред истекот на првото полувреме.

    И покрај овие измени во нападот, Франција не делуваше ништо поопасно во второто полувреме, додека Аргентина продолжи да го контролира мечот.

    Сепак се случи пресврт. Во 80. минута Мбапе беше прецизен од белата точка по фаулот над резервистот Коло Муани, а по само една минута веќе беше 2:2. На асистенција на Турам, стрелец повторно беше Мбапе.

    Петти пат во историјата на светските првенства, финалето отиде во продолженија и Аргентина повторно поведе во 109. минута преку Меси.

    Финалето доби на дополнителна возбуда кога за Франција беше досуден уште еден пенал, што Мбапе го претвори во ново израмнување во 118. минута. Тоа е прв хет-трик во финалните натпревари на Мундијалите од 1966 година, но овојпат, победникот го решија пенали.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Шкрињар ќе остане професионалец до крај

    02/02/2023

    Нов тежок удар за Јуве!?

    02/02/2023

    Гринвуд не бил виновен

    02/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давитков се врати во татковината
    • Шкрињар ќе остане професионалец до крај
    • Нов тежок удар за Јуве!?
    • Гринвуд не бил виновен
    • „Светците“ останаа времено без првата ѕвезда
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.