Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Аргентина е првиот финалист на Копа Америка
    Фудбал

    Аргентина е првиот финалист на Копа Америка

    risteBy riste10/07/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Аргентина се пласираше во второто последователно финале на Копа Америка, откако во првото полуфинале на тековното издание на јужноамериканскиот шампионат, што се одржува во Соединетите Американски Држави (САД), ги победи дебитантите Канада со 2:0. На стадионот во Њу Џерси, ѕвездата на „гаучосите“ Лионел Меси го постигна својот прв гол на шампионатот.

    За прв пат по 31 година, Аргентинците ќе играат во финалето на Копа Америка како тим кој ја брани титулата. Последен пат тоа се случи во 1993 година на шампионатот во Еквадор, кога Габриел Омар Батистута постигна два гола во победата од 2:1 над Мексико во решавачкиот натпревар за трофејот.

    Од самиот почеток, Аргентина доминираше со Канаѓаните, кои станаа само третиот тим на КОНКАКАФ што стигнал до полуфиналето во нивното деби на Копа Америка. Доминацијата на теренот им овозможи на актуелните светски шампиони да го отворат резултатот. Во 22. минута Хулијан Алварез со прецизен удар го заврши одличното додавање на Родриго де Пол.

    Иако Анхел Ди Марија беше блиску до зголемување на водството на Аргентина 10 минути подоцна со волеј удар, Канаѓаните имаа предност во преостанатите минути од првото полувреме. За ова време, голманот на „гаучосите“ Емилијано Мартинез имаше решавачки одбрани по ударот на Џонатан Дејвид.

    Само шест минути во вториот дел, Аргентина го зголеми водството. Енцо Фернандез шутираше одлично, а Лионел Меси ја смести топката во мрежата. До крајот на натпреварот избраниците на Лионел Скалони успешно го неутрализираа секој канадски напад кон голот на Емилијано Мартинез.

    Во финалето, кое ќе се игра ноќта меѓу 14 и 15 јули по средно-европско време, Аргентина ќе се соочи со победникот од полуфиналето меѓу Колумбија и Уругвај.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.