Светскиот шампион Аргентина го победи Бразил со 1:0 на гостински терен во долго очекуваниот дуел од 6. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година. Стрелец на единствениот гол беше Николас Отаменди во 63. минута. Централниот дефанзивец на „гаучосите“ беше прецизен со глава по центаршутот на Џовани Ло Селсо од корнер и ја замолкна публика на „Маракана“.
Дарвин Нуњес постигна два гола, а Уругвај ја продолжи серијата победи, откако синоќа беше подобар и од Боливија со 3:0. Ова беше трет натпревар во низа на кој Уругвај слави.
Колумбија славеше кај Парагвај со 1:0, додека мечот меѓу Перу и Венецуела заврши нерешено – 1:1. Победа на домашен терен извојува Еквадор од 1:0 против Чиле.

