Осминафиналистот на последното СП во Русија, фудбалската репрезентација на Аргентина одигра само 0:0 на контролниот меч со Колумбија синоќа во САД.
Големата ѕвезда на „гаучосите“, Лео Меси повторно не беше во составот на Аргентина, бидејќи си зеде одмор од репрезентативните настапи. Во негово отсуство нападот го поведоа Мауро Икарди, Максимилијан Меза и Гонзало Мартинез, додека Паоло Дибала беше на клупата.