Голманот на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро, ќе го пропушти Мундијалот во Русија, откако добил непријатна повреда на коленото. Лекарите констатираа дека тој не ќе може да им помогне на своите сонародници на светското првенство.
31-годишниот голман беше вклучен во листата на 23 играчи, но вчера вечер беше отстранет од тимот. Изминатата сезона тој одигра 10 натпревари за Манчестер Ј. и генерално беше прва резерва на шпанскиот голман Дејвид Де Хеа на „Олд Трафорд“.
Засега, се уште нема информации кој ќе го замени во составот на “гаучосите”, но се очекува и тоа да стане јасно во наредните ден-два. Отсуството на Ромеро е голем удар за националниот тим на Аргентина.