Аргентинската фудбалска федерација се договори за предвремено раскинување на договорот на селекторот Хорхе Сампаоли, соопшти весникот „Оле”.
Двете страни се договориле на Сампаоли да му биде исплатена сума од од 2 милиони долари, пишува весникот. Аргентина се претстави неубедливо на светското првенство, едвај ја помина групната фаза, а во осминафиналето загуби од Франција со 3:4.
Меѓу потенцијалните кандидати за функцијата се споменуваат имињата на Маурисио Почетино (Тотенхем), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид), Матијас Алмеида (Гвадалахара), Марсело Гајардо (Ривер Плата) и други.