Фудбалерите на Тотенхем и на Барселона утре ги очекува пресметка на легендарниот стадион -„Вембли“ во рамките на второто коло во групната фаза во Лигата на шампионите.
Тренерот на домаќините, Маурисио Почетино, се почесто се споменува како можен наследник на Ернесто Валверде доколку Барса продолжи со серијата на лоши резултати. Тие шпекулации в пресрет на утрешниот дуел категорично ги негираше аргентинскиот стратег на клупата на лондончани.
„Повеќе од јасно е дека јас никогаш нема да ја водам Барселона. Мојот пат и тој на Барселона се различни“ – објасни како размислува Почетино