Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, пред денешниот реванш меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, мораше да одговори на новинарско прашање кој е подобар од неговите ѕвезди во тимот, Меси или Мбапе ?.
„Меси е најдобар на светот со седум Златни топки. Килијан е еден од играчите кои се многу добри и кои блескаат“- вели тренерот од Аргентина.
Екипата од Париз денеска на гостувањето во Шпанија ќе ја брани предноста од 1-0 обезбедена на првиот меч со голот на Мбапе.