Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Серхио Агуеро се надева дека во текот на летото ќе добие повик од Барселона и дека ќе се пресели во Примера Дивизион.
Каталонците откако се разделија со Луис Суарез се обидуваат да пронајдат нов голгетер а на нивна страна оди и податокот дека договорот на Агуеро истекува во јуни и тој ќе може без обешетување да ги напушти „граѓаните“.
Иако имаше најави дека првите луѓе на „граѓаните“ ќе се обидат да го убедат Агуер да остане на „Етихад“, медиумите проценуваат дека е поголема веројатноста тој да си замине од тимот.

