Фудбалерот, Мауро Икарди, игра како препороден откако по многу перипетии го напушти составот на Интер и замина како позајмен во ПСЖ со можност да му биде откупен договорот на крајот на сезоната.
Неговите блескави парти и серијата на постигнати голови, најверојатно ќе ги натераат „светците“ да го задржат на подолг период. И додека Аргентинецот ги радува наваивачите на „Паркот на принцовите“, неговата сопруга, Ванда Нара, која му е водено и менаџер за траснфери, објави дека постоела реална можност тој да се пресели во Милан.
„Имавме можност Мауро да замине во Милан. За мене тоа ќе беше подобро, но, ПСЖ беше најдобар избор за неговата кариера“ – нагласи сопругата на Икарди.