Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, ќе му понуди нов договор на аргентинскиот фудбалер, Анхел ди Марија иако брзоногиот играч беше еден од првите за кои се шпекулираше дека во текот на летово ќе си заминат од тимот.
Ди Марија според медиумите од Париз, има понуда да ја продолжи соработката до 2021 година и да добие значително зголемување на платата.
Фудбалерот откако не успеа да се наметне во дресот на Манчестер Јунајтед, се реши во 2015 година да си замине од „Олд Трафорд“ и да ја прифати понудата од ПСЖ.