Анхел Ди Марија по убедливата победа на ПСЖ против Лајпциг и обезбедениот пласман во финалето во Лигата на фудбалските шампионите, вели дека неговиот тим бил доминантен уште од првата минута и дека лесно ја исполнил целта.
„Одигравме фантатсичен натпревар. Напорно се подготвувавме за дуелите и завршницата. Сакаме сонот да го претвориме во јаве“ – вели интернационалецот од Аргентина.
„Лајпциг е навостина одличен состав, но, ПСЖ заслужи да игра во финалето и да се бори за пехарот“ – потенцираше брзоногуиот фудбалер на францускиот состав.