Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, веднаш ги стави во првата постава Каиседо и Фернандез на дуелот со Арсенал иако помина само краток период по нивното враќање од репрезентативните настапи во Јужна Америка.
„Беше лудо тоа што фудбалерите од Јужна Америка пристигнаа в четврток наутро а во саботата мораше да играат. Сепак, морав да ги ставам во стартниот тим, ако не го направев тоа, вие ќе ме убиевте но, истото важи и за газдата“ – рече Аргентинецот пред новинарите.
„ Не е лесно да се игра после таков пат, се надевам дека ќе бидат во најдобро светло за наредниот меч, – изјави Покетино.