Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Рома, Паоло Дибала, денеска ќе мора да помине обемни медицински тестови за да се утврди степенот на неговата повреда заработена на вчерашниот меч со Лече во Серија „А“.
Аргентинецот при изведувањето на пеналот успеа да постигне погодок а веднаш потоа се фати за бутниот мускул по што беше изваден од игра. Тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо, не крие дека е песимист околу целиот случај.
„Велам лошо но, мислам многу лошо. Не сум доктор, од моето искуство и тоа што зборев со Дибала, нема да го видиме до крајот на годинава“ – беа зборовите на Португалецот.