Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека неговите фудбалери одиграле под очекувањата на вчерашниот меч со Јувентус и дека Италијанците заслужено го продолжуваат настапот во ЛШ.
„ Едноставно Јувентус одигра подобро. Имавме само една шанса преку Алваро Мората. Беа подобри од нас и заслужија да победат. Вистина е, ние направивме и грешки, но пресудно беше тоа што тие беа подобри на тактички план“ – вели Симеоне.
„Јувентус го одигра тоа што ние го одигравме на првиот меч и заслужено е во четвртфиналето. Јувентус едноставно беше подобар и треба само да му честитаме“ – нагласи Симеоне.